Предавачи
Сите предавачи и инструктори во Травел Тренинг Центарот во Скопје, се
акредитирани од страна на "IATA Training and Development Insitute" од
Монтреал - Канада. Нивната професионална и долгогодишна работа во авионската и
патничката индустрија, придонесе токму тоа активното и квалитетно
познавање на сопствената професија, успешно да го пренесуваат на помладите
и идни колеги. Досегашниот значителен успех, изразен преку високиот
процент на успешно едуцирани и сертифицирани кадри во
туризмот, самиот го потврдува тоa.
Во Травел
тренинг центарот во Скопје, курсевите и обуките според програмата на "IATA
Training and Development Insitute", ги реализираат овластените предавачи:
Светлана Унковска и Величе Арсова
Во Травел Тренинг Центарот во Скопје, во соработка со регионалната канцеларија на "GDS Galileo Travelport" во Белград, а со овластување од европската дирекција во Лондон - В.Британија, се реализираат и актуелните предавања и обуки за работење со глобалниот дистрибуциски систем на авионската и патничка индустрија "Galileo by Travelport".
Обуката според
програмата на "GDS Galileo by Travelport", ја реализира
овластениот предавач: Ирена Ничевска
Last modified: Thursday, 23 February 2017, 4:59 PM