Простории

Просториите во Травел Тренинг Центарот, се опремени според највисоките стандарди за работење, поставени од меѓународните центри за обука и тренинг на кадри во туризмот и во патничкиот сообраќај. Училниците и предавалните, нивната квадратура и комфорност, е во согласност со предвидениот број на курсисти во секоја од нив поединечно. Пријатната атмосфера за работа, произлегува од нивната осветленост, топлина и свежина (опремени се со системи за загревање и со клима уреди), соодветните работни маси, компјутерска опрема на секое место, стабилен и брз (оптички) интернет, надгледните помагала (LCD екрани и магнетни табли), како и комплетната видео и аудио покриеност, која во паузите помеѓу предавањата ја дополнува релаксираната атмосфера. На услуга на курсистите е мини кујната и апаратите за топли и ладни пијалоци, како и информативната канцеларија со своите пунктови. ТТЦ центарот е опремен и со санитарен дел и одделни тоалети.

  • ...

    Училница 1

    Оваа училница е наменета за одржување на низа специлијализирани курсеви и обуки на кадри, кои треба да партиципираат во делот на агенцискиот туризам, како и во патничкиот промет во авиосообраќајот воопшто (IATA, UFTAA, GALILEO, AMADEUS...). Освен за овие курсеви, нејзината техничка опременост овозможува и одржување на разни обуки за користење на глобалните системи за хотелски и транспортни резервации во туристичкото работење, како и за комјутерска едукација во користењето на разни софтверски програми во секојдневното користење на компјутерите.

  • ...

    Училница 2

    Училница 3

    Оваа училница е наменета за разни кабинетски предавања, од повеќе области кои ги опфаќа туризмот. Многуте курсеви и обуки кои се одржуваат во неа, се насочени со цел за приближување кон повисоките стандарди на професионалното работење во туризмот. Практичните предавања и тренинзи од областа на туризмот, во соработка со надлежните високошколски институции и туристички асоцијации, кабинетските обуки за лиценцирани водичи и придружници, во соработка со Здржението за туристички водричи и придружници на Македонија, како и специјализираните јазични курсеви за применета конверзација во туризмот, угостителството и транспортот, се само дел од многуте курсеви и обуки, во програмата на Травел Тренинг Центарот во Скопје.

Последна промена: петок, февруари 24 2017, 3:22