Цели и Активности


Формирањето на Tравел Тренинг Центарот во Скопје (ТТЦ), се јавува како потреба на туристичкиот сектор, за создавање на обучени и стручни кадри за специфичните потреби на туристичкото стопанство. Активностите на ТТЦ се насочени помеѓу образовните институции и деловните субјекти во туристичката индустрија. Замислата да се направи поврзување помеѓу стручните предавања и теоретски знаења стекнати во училиштата и на факултетите, со практичните знаења, искуства и вештини постигнати во професионалното работење во туризмот, се со цел да се обезбеди обучен кадар кој ќе биде спремен веднаш да се вклучи во квалитетно извршување на туристичките услуги кај деловните субјекти. Травел Тренинг Центарот, преку соодветни предавања, курсеви и обуки, овозможува стекнување на практични и применети знаења, неопходни за квалитетна и успешна работа во областа на туризмот.


Последна промена: петок, февруари 24 2017, 4:05